Ѝ го убиле братот, родила на 19 години и го победила ракот - голготата во животот на убавицата Софија Вергара

Кармин

19/09/2019

09:46

4.672

Големина на фонт

а а а

Неодамна една објава на Инстаграм направила вистински “бум“, собирајќи повеќе од 700 илјади лајкови и над 10-на илјади коментари, а за сето тоа е виновна Софија Вергара која со своите следбеници споделила фотографија кога била помлада и со тоа докажала дека годините не ѝ можат ништо.

Атрактивната актерка објавила колаж од две фотографии од 90-те на кои позира во минијатурно бикини и без шминка, а истите делуваат како да настанале неодамна, а не пред три децении.

„Кога барем сите би можеле да старееме како неа“, „Ти си мој идол“, „Ти си совршенство од жена“, „Каква убавина“, биле само некои од коментарите на нејзините следбеници на Инстаграм каде што ја следат речиси 17 милиони луѓе.

View this post on Instagram

To our next stop!!!?????‍♀️?

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

На Софија очигледно ваквите коментари ѝ годат, со оглед на тоа што објавува провокативни фотографии од нејзиното минато, а интересно е тоа што актерката изгледа целосно исто без оглед на тоа од кој период датираат фотографиите.

Вергара својата кариера ја започна како модел на 17 години кога некој фотограф ја забележал на плажа, па набрзо потоа следела реклама за популарниот газиран пијалок... Таа се прославила и во голем број телевизиски проекти, воглавно на шпански, а во почетокот на 2000-те стигнала и до Холивуд. Но, клучна била улогата во серијата „Модерно семејство“ во која глуми и ден денес.

И додека на деловен план сè ѝ одело супер сепак таа на приватен план имала многу турбуленции. Убавата актерка се омажила за својата средношколска љубов на само 18 години, а по една година родила дете, синот Манол. Сепак, овој брак не траел па набрзо Софија повторно била слободна.

Но, во 1998-та година се соочила со голема трагедија, нејзиниот брат бил киднапиран и убиен, а таа тогаш била скршена од болка и исплашена за својата сигурност и сигурноста на своето семејство, ги спакувала куферите и заедно со својата мајка, сестра и син, животот го продолжила на Флорида.

View this post on Instagram

Capri❤️❤️❤️❤️

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Со нејзината привлечна убавина, енергија и харизма таа успеала да влезе во светот на шоубизнисот, но повторно се соочила со животна препрека во текот на 2002-та година. Таа водела сериозна битка со ракот во која на крајот излегла како победник.

Интересно е тоа што на емотивен план немало многу падови кај Вергара, и покрај пропаднатиот брак во тинејџерските години таа сепак имала неколку сериозни врски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk