Саудијците ги покажаа остатоците од дроновите и проектилите: Ова се несоборливи докази дека зад нападот стои Иран!

Точка

19/09/2019

16:28

2.635

Големина на фонт

а а а

Саудиското министерство за одбрана ги престави остатоците на дронови и крстосувачки проектили кои според нив ја докажуваат иранската вмешаност во саботните напади на нафтените постројки.

Покрај останатите делови, портпаролот Турки Ал-Малки покажа дел од крило на ирански дроно и поирача: „Податоците кои што ги извлековме од дронот покажуваат дека е ирански“.

Саудиското министерство тврди дека 18 дронови и 7 крстосувачки ракети ги погодиле метите откако долетале од правец на Јемен. Но, од таму додадоа дека повеќе детали околу локациите од каде што биле лансирани не можат да дадат.

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути бунтовници кои што се поддржани од Иран. Сепак, иранските власти негираат дека се вмешани и предупредуваат дека доколку некој ги нападне, ќе следува жестока реакција.

Снимките од местото на нападот покажаа 17 одвоени експлозии, со што беше донесен заклучок дека се користени повеќе дронови и ракети. Се претпоставува дека се користени „Самад-3“ дронови кои се популарно наречени „дронови самоубијци“. Станува збор за таканаречено „залутано оружје“ кое што пред да го изврши нападот прелетува и бара точно одредена мета.


Хути бунтовниците на почетокот на јули одржаа мала воена изложба на која ги претставија новите дронови и крстосувачки ракети, меѓу кои беа токму дроновите од типот „Самад-3“.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Мајк Помпео, веќе допатува во Саудиска Арабија каде што со своите колеги ќе разговара за можниот одговор на нападот на саудиските нафтени постројки кои го намалија производството на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ за 50%, а цената на нафтата на глобално ниво драстично скокна.


Иако Трамп и американскиот претседател Мајк Пенс го осудија нападот, тие сепак не го обвинија директно Иран, додека пак Помпео уште во неделата непосредно после нападот изјави дека „Иран го извел нападот без преседан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг