Потресна исповед на секс-робинката на милијардерот: Скокнав во морето со ајкули за да се спасам од него

Точка

19/09/2019

10:59

11.503

Големина на фонт

а а а

Сара Ренсом шест месеци била заробена на приватниот остров на американскиот милијардер, педофилот Џефри Епстајн. Таа одлучи да проговори сега откако Епстајн се самоуби во затворот во Њујорк.

„Сакам да ги охрабрам и другите жртви да проговорат“, му раскажа 35-годишната Шкотланѓанка родена во Јужна Африка на новинарот на британски „Телеграф“.

Сара го запознала Епстајн во 2006-та година во Њујорк каде што студирала мода. Била млада и наивна, имала 22 години и останала без пари. И тогаш во ноќен клуб на Менхетн ѝ пришла жена и ѝ раскажала за „одличниот тип“ кој ќе ѝ помогне да ги оствари своите соништа.

„Беше така шармантен и харизматичен“, раскажува Сара за нејзината прва средба со Епстајн. Неколку дена подоцна повторно ѝ се јавила на Сара за да ѝ каже дека Епстајн ја повикува да одат на неговиот приватен остров Литл Сент Џејмс.

„Немав поим дека влегувам во гнездо на стршлени“, вели Сара и додава дека брзо завршила во приватниот авион на Епстајн наречен „Лолита Експрес“ каде што веднаш сфатила дека нешто не е во ред.

„Џефри и една девојка имаа секс, хардкор секс тука пред сите нас. Немаше никаква приватност. Веднаш штом стигнав на островот започна злоставувањето. Ме силуваше и по три пати дневно. Обично се започнуваше така што ќе ме повикаше да го измасирам“, раскажува Сара и додава дека таа и другите девојки исто така им биле на располагање и на гостите на Епстајн.

„За шест месеци никогаш не го видов да работи. Никогаш. Буквално по цел ден им напастуваше на девојките“, раскажува Сара и открива дека на островот ја запознала и Гислејн Максвел, богатата наследничка на медиумскиот магнат Роберт Максвел која ги „регрутирала“ девојките за Епстајн.


Епстајн имал поставено надзорни камери насекаде низ островот, па откако некоја девојка ќе „залутала“, веднаш доаѓале по неа за да ја вратат назад. После одредено време, Сара не можела да издржи и се обидела да побегне.

„Тој ден ме силуваше три пати. Во тој момент ајкулите ми беа најдобрите другари. Не размислував за опасноста, помислив само - доста беше, бегам“, раскажува Сара за денот кога влегла во морето и се обидела да исплива до брегот и да побегне. Но, од обезбедувањето ја забележале и ја вратиле назад на островот.

Подоцна таа била одведена во луксузниот стан на Епстајн на Менхетн каде што била во друштво на други девојки. Епстајн го контролирал секој аспект од нејзиниот живот. Морала да ја намали килажата кога ќе ѝ каже тој, а морала да посети и доктор по негова наредба.

Сара пред еден месец сведочеше на судењето кое беше организирано за неговите 20 жртви и го обвини за сексуално злоставување и присилување на проституција. Таа уште во декември 2018-та година отвори граѓанска парница против Епстајн, но набрзо потоа се повлекла. Не е познато колку ѝ платил милијардерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг