Во jубилејна 10-та година Бизнис Лига со 27 компании доби признание за најмасовно аматерско натпреварување на Балканот

Точка

19/09/2019

10:54

650

Големина на фонт

а а а

Најмасовното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија на 18.09.2019 одржа прес конференција во салата за прес при С.Ц. Борис Трајковски каде што се одржува натпреварувањето.

На самиот прес беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот и термините во кои ќе бидат одигрувани натпреварите како и други детали околу самата лига. Сезоната 2019/2020 е десета последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија постави нов рекорд со 27 компании учеснички во аматерско натпреварување на целиот балкан, на што Бизнис Лига е исклучително горда. Компаниите кои оваа година земаа учество во натпреварувањето се:

1. ЈСП

2. Аптив

3. Џојсон Сејфти Системс

4. Ван Хоол

5. Матрикс

6. А1

7. Сава Осигурување

8. Окта

9. Лукоил

10. Аџибадем Систина

11. Гранит

12. ЕВН

13. ЕЛЕМ

14. МЕПСО

15. Пекабеско

16. Рамстор

17. Фабрика Карпош – ГИМ

18. Макпетрол

19. Уни Банка

20. Уника

21. Телеком

22. ФК на глуви Слобода

23. Еуро Табак

24. Џонсон Мети

25. Водовод Скопје

26. ТАВ

27. Тиквеш

Што се однесува до самиот ситем на натпреварување ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејки натпревварувањето се игра без гостински терен, првите 4 екипи одат директно во Ф8 додека пак од 5 до 12 место екипите ќе се разигруваат за влез во Ф8. Победниците на кои ќе им се прилучат првите 4 влегуваат во Ф8 завршниот турнир кој води до титулата во шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

Од оваа година новитет во Бизнис Лигата е Фудбалски Клуб на Глуви СЛОБОДА кој ќе го игра регуларниот дел од Бизнис Лигата и ќе се бори за место на табелата во регуларниот дел. Термиот вторник во 18 часот е резервиран за нивните натпревари.

Свое обраќање на овој прес имаа преставници од ФК на глуви лица Слобода Милош Наумовски и Марија Наумовска како и Арсовска Кристина како претставник на Горска Вода која и оваа година е дел од Бизнис Лигата. Свое обраќање имаа и проект менаџерите на Бизнис Лигата Филип Николовски и Младен Ѓуроски



Спонзорирани линкови

Маркетинг