Инстаграм му овозможил да заработи 45 илјади евра за година и пол: Сите ја посакуваат неговата професија

Супермен

19/09/2019

14:05

2.395

Големина на фонт

а а а

Алекс Шенон е британски инфлуенсер со адреса во Лос Анџелес, а заработува спиејќи во најлуксузните хотели на светот.

Неговиот профил наречен “followthenap” го следат околу 18 илјади луѓе на Инстаграм, а Алекс во последните 18 месеци заработил повеќе од 45 илјади евра. Луксузните хотели, авионските компании па дури и произведувачите на пижами го опсипуваат со пораки за соработка, вели тој за “Daily Mail”. 

Иако кариерата на инфлуенсер сè уште не му обезбедила статус на милионер, Шенон дефинитивно живее како таков. Тој отседнува во некои од најдобрите хотели на светот и испробува јадења и услуги за кои повеќето луѓе можат само да сонуваат, а за сето тоа е дури и платен.

“Во “San Francisco Proper Hotel” го подготвија секое јадење од менито за појадок за да можам да пробам сè. “Beverly Wilshire” ми даде да носам и фотографирам накит вреден 40 илјади евра и ми послужија капучино со 24-каратно злато”, изјавил тој.

Алекс работи и како креативен директор во модната индустрија, но сè повеќе време посветува на социјалните мрежи. Тој во индустријата е веќе 10 години и вели дека токму тоа му помогнало да научи многу работи за светот на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk