Ја мразите вашата работа? - еве што препорачува шефицата од кадровската служба на Мајкрософт

Супермен

19/09/2019

15:50

1.981

Големина на фонт

а а а

Работите нешто што не сакате. Ви изгледа дека немате друг избор отколку да ја задржите вашата работа затоа што морате од нешто да живеете. Дали тоа е безизлезна ситуација?

Директорката на Мајкрософт за човекови ресурси, Кејтлин Хорган, препорачува два чекори со помош на кои ситуацијата во која што сте влегле на работа и која не ја сакате, полесно да ја поднесете.

Прв чекор:

„Доколку мотивацијата не можете да ја пронајдете во нешто што објавувате секојдневно, понекогаш корисно е да ја гледате пошироката слика како и влијанието кое компанијата за која работите го има на светот околу вас. Можно е тоа да ве потсети зошто воопшто сте почнале да работите за таа фирма, но и ќе ви помогне да откриете што конкретно ве мачи и како да го решите тоа“.


Втор чекор - отворено разговарајте со шефот за тоа што ве мачи

Доколку првиот чекор не ви овозможи резултати кои сте ги сакале тогаш време е да поразговарате со вашиот шеф, но и да почнете со преиспитување на самите себе што сакате од работата и животот воопшто.

Дискусиите од тој вид со надредената личност никогаш не се лесни, но можеби шефот ќе може да ви помогне, на пример да ве префрли во друг тим или пак да ви додели друга улога поразлична од онаа која ја имате моментално.

Што доколку за тоа не можете да разговарате отворено со вашиот директор? Тогаш обидете се да разговарате на смирен начин и со аргументи кои ќе ги разбере вашиот директор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk