Роналдо со порака до Атлетико Мадрид: Морате да учите!

Точка

19/09/2019

15:59

1.505

Големина на фонт

а а а

За време на вчерашниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус, Кристијано Роналдо направи движење со прстите насочено кон навиваите на мадридскиот клуб.

Таквиот потег ги налути навивачите на Атлетико, а Португалецот после натпреварот откри што сакал да каже со тоа.

На прашањето на новинарите што сакал да им порача на навивачите на „Јорганџиите“ со гестот, Роналдо накратко порача: „Учите, морате да учите“.

Инаку, Јувентус синоќа против Атлетико прокоцка два гола предност. Торинскиот клуб поведе со головите на Хуан Квардадо и Блез Матуиди, меѓутоа Стефан Савиќ и Ектор Ерера се погрижија за израмнување на резултатот и бод за домаќините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг