Напаѓачот на Баерн вели дека неговиот тим можел да забележи и поубедлива победа од 3:0 синоќа во воведното коло од новата сезона во Лигата на шампионите против Црвена Звезда.
31-годишниот напаѓач на Баварците, Роберт Левандовски беше стрелец на третиот погодок со што дојде бројката од 200 погодоци во дресот на Баерн Минхен.
„Цело време го контролиравме натпреварот и игравме добро, го зајакнувавме ритамот и создадовме многу шанси, но не постигнавме доволно голови“, изјави Левандовски и додаде:
„Секогаш настојувавме да одиме напред, некогаш правевме и погрешни одлуки, но тоа се детали. На крајот дадовме три гола, а можеа да паднат и пет-шест гола“, изјави Левандовски.