Гвардиола после сензационалната победа на Динамо Загреб: Ќе анализирам каде се силни

Точка

19/09/2019

16:09

1.968

Големина на фонт

а а а

Следниот противник на Манчестер Сити во групната фаза од Лигата на шампионите ќе биде Динамо Загреб.

„Граѓаните“ синоќа на отворањето на новата сезона во најелитното европско клубско натпреварување го поразија Шахтјор со високи 3:0, меѓутоа во истата група сензација направија фудбалерите на Динамо Загреб кои ја совладаа италијанска Аталанта со високи 4:0.

Пеп Гвардиола синоќа проговри и за Динамо и порача дека како и секогаш, добро ќе го анализира противникот.

„Секогаш кога го анализирам противникот, а сега ќе се посветам и на Динамо, секогаш настојувам да видам што можат најдобро да дадат. Не ме интересираат нивните слаби точки, ме интересира каде се силни“, изјави Пеп Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг