Зачувајте си ја врската, а и здравјето со бакнување... - колку подолго толку подобро

Точка

19/09/2019

17:00

2.377

Големина на фонт

а а а

Паровите кои почесто се бакнуваат се посреќни од оние кои на бакнежите не им придаваат многу значење.

Истражувањата покажале дека тој вид на нежност ја зајакнува врската и дека на долги стази ја чува од губење страст.

Експертите наведуваат и друга страна на приказната.


Имено, за само 60 секунди бакнување се согоруваат 26 калории, а дури 1.560 ако бакнежите “продолжат“ до еден час. Благодарение на нив, кожата на лицето добива поубав изглед, бидејќи „се вработуваат“ 34 мускули, го зајакнуваат тонусот и нè прават помлади и посвежи.

Но, тие не служат само за убавина и виткост, туку и за општо здравје.

Експертите тврдат дека бакнувањето го зајакнува имунитетот, делува антивоспалително, ги ублажува болките, ја подобрува циркулацијата, го отстранува стресот, спречува настанување на кариес...


Ендофрин - хормонот кој се лачи додека се допирате со усните и јазикот, делува и до 200 пати посилно од морфиумот. Тоа е одговор на прашањето зошто после бакнувањето се чувствуваме поопуштено и порасположено, ослободено од болките, особено од главоболка.

Меѓутоа, францускиот бакнеж во исто време е закана по здравјето, бидејќи може да пренесе 280 видови бактерии.

Ако трае подолго, може да се разменат и до десет милиони. Мононуклеозата исто така е можна последица од бакнување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг