“Учителке, мене ми е срам. Немојте пред сите да ми го поставите она ваше прашање”: Приказна која ќе го скрши вашето срце

Точка

19/09/2019

18:49

4.173

Големина на фонт

а а а

Бернарда Југ е хрватска учителка која одлучила гласно да се спротивстави на сето она што го смета за погрешно во денешното општество и нешта на кои секојдневно е сведок, помеѓу останатото, и на своето работно место.

“Рушење на сите табуа и зборување за сите проблеми кои ги мачат хрватските учителки” е една од целите кои се наведени во описот на Фејсбук страницата “Хрватска учителка без цензура – Бернарда Југ” која таа ја покренала во мај. 

Една нејзина објава особено одекна на оваа социјална мрежа – за само два дена, дури 19 илјади корисници реагирале на приказната за ученикот кој чувствувал срам бидејќи во иднина сакал да биде – ѕидар.

“Учителке, мене ми е срам, но јас ќе можам да учам само за ѕидар, па затоа немојте пред сите да ми го поставите она ваше прашање: “Што би сакал да работиш кога ќе пораснеш?”

Знаев. Знаев! Ми дојде да врескам, да пискам, да одам во општината и да повикам еден ГРАДСКИ родителски состанок! Состанок на кој ќе биде повикан целиот град! Една воспитна родителска средба на која ќе ги повикам сите оние кои му всадиле срам од занаетчиство на ова момче, срам од чесна работа, од работникот, мајсторот!”, раскажала учителката.

Како што смета таа, молбата на детето е последица на неговата свест за презирот со кој се зборува и односот кон мајсторите, работниците и селаните. Тоа е првото што го научил уште пред училиште и тоа сам го видел со своите очи.

“Зошто молчите? Нема да ме прашате за тоа пред сите, зарем не?” – ме прашува во ходникот и чека. “Ти благодарам за ова. Но, сега ќе се договориме нешто. Ќе те прашам и сакам најгордо што можеш, гласно и храбро, да одговориш дека сакаш да бидеш ѕидар. Јасно? Останатото препушти ми го мене“.

Беше исплашен, но ми веруваше. Го поставив прашањето на часот. Баш добро се вклопи. Дојде неговиот ред. Мојот иден ѕидар. Стана и рече дека ќе биде ѕидар. Се случи точно она од кое се плашев, но и она што го очекував. Соучениците започнаа со своите шеги и исмејувања.

“Браво”, им ракоплескав. “Браво! Додека го поставував ова прашање, се молев во себе вие да не бидете таков клас. Дека сте повисока свест. Дека нема да има вакви реакции. Длабоко ме разочаравте. Од утре наставата ќе ја одржуваме на ливада”.


Викнаа од воодушевување, но потоа се збунија.

“Но…”, “Надвор има снег…”, “Утре и мраз…”. Да… дожд… и мразови.

Одеднаш им се вклучија умовите. Но, не вистинската свест, туку себичната грижа за себе, да не седат на мраз туку во топла училница.

“Да”, повторив. “А кога ќе дојде до топење на снегот и мразот, дојдете во гумени чизми бидејќи наставата ќе ја продолжиме во калта. Ќе стоите цело време. Всушност, дојдете боси бидејќи тие чизми исто така ги направиле мајсторите занаетчии кои сега ги исмејувате како да се најлошите луѓе на светот. Што ќе ви е училиштето? Зграда? Куќа? Стан?! Што ќе ви е топол дом?! Сето тоа го изградиле мајстори ѕидари на кои пред малку им плукнавте в лице. Дома ли ве учат така?”, продолжила Бернарда, а потоа им одржала лекција која веројатно многумина ќе ја паметат цел живот.

“Кој од вас сам си ја соѕидал собата дома? Кој?! Кој сам си го направил креветот?! Замислете да морате сѐ да правите сами. Би биле ли способни? Знаете ли што сѐ мора да знае добар ѕидар? Колку работи мора да знае за вашиот дом да не се сруши или оштети?

Не сте размислувале за тоа? Тогаш почнете. Мајсторите ќе бидат сѐ повеќе платени. Бидејќи сѐ помалку се оние што имаат способни, вешти раце, а сѐ повеќе оние што се со две леви раце и знаат само “да инсталираат, симнуваат, кликаат...”. Градители има сѐ помалку. Создавачи има сѐ помалку. Врвни мајстори има сѐ помалку. Никогаш не дозволувај да ти ги украдат соништата. Прво те исмејуваат, но ти биди истраен, потоа ќе те набљудуваат, а на крај и ќе ти се воодушевуваат. И затоа – стани ѕидар”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг