Дали и вашата баба вака би разбрала? - ѝ ги уништила новите патики на внуката поради недоразбирање со мајката

Точка

19/09/2019

19:31

3.389

Големина на фонт

а а а

Баба случајно ѝ ги уништила новите патики на внуката, кои чинеле преку 80 евра, откако нејзиното име го напишала на гумата на патиките со траен маркер.

Алтин Бота-Кинг, објавила урнебесна фотографија со патиките на нејзината ќерка, Амелија со испишано име на гумата на патиките во една родителска Фејсбук група.


Како што објаснила, заборавила дека нејзината ќерка има физичко, па ја замолила мајка си за помош. Ѝ се јавила и ѝ рекла во внатрешноста на патиките да го напише името на нејзината внука и да ги подготви за подоцна да ги земе.

Но, бабата сето тоа погрешно го сфатила и новите патики ги означила со траен маркер, но на видно место, односно на гумата.

Нејзината објава собрала повеќе од 3000 лајкови и луѓето ја сметаат за урнебесна.


„Жал ми е што се смеам, но ова е пресмешно“, порачала една мајка. „Ова ми игледа како нешто што би го направила мојата мајка“, се надоврзала друга.

Некои родители веднаш ѝ понудиле совети како да го избрише трајниот маркер и ѝ дале цела низа со решенија, од спреј за коса, преку магички крпи, до ацетон за вадење на лак за нокти. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг