Фотографија од венчавка станала хит поради “непристојната“ оптичка илузија, ја гледате ли?

Точка

19/09/2019

20:24

5.580

Големина на фонт

а а а

Фотографија од венчавка станала вирална на социјалните мрежи откако Твитер корисниците воочиле пресмешна оптичка илузија.

Андре Бурнет од Јамајка објавил фотографија од својот среќен ден на Твитер, но неговата шега за карипското време останала во сенка поради бујниот задник на невестата - барем така им изгледало на многумина на прв поглед.

„Кога ја видов фотографијата си помислив 'каков задник', но потоа забележав друга дама која се наведнала“, е еден коментар на Твитер корисник.

##https://twitter.com/jenicejam/status/1173407360032935941##

„Ми требаа неколку секунди да сфатам дека на фотографијата се две жени“, е уште една од реакциите.

Андри објаснил и зошто имало толку празни места на неговата венчавка, се пошегувал дека доцнеле 70 луѓе, сите со наизглед оправдани изговори.

##https://twitter.com/ambrosia_omG/status/1173418832972718080##

Фотографијата станала хит на интернет и предизвикала илјадници реакции.

Инаку, на социјалните мрежи често кружат оптички илузии кои само на прв поглед се едноставни, а оваа фотографија сосема сигурно ќе се појавува во таквите галерии.

##https://twitter.com/GS305/status/1174087606386270211##



Спонзорирани линкови

Маркетинг