(+18) Се соблекле целосно голи и не се срамат од тоа: Некои од најубавите жени на светот имаат фотографии на кои се како од мајка родени

Супермен

27/09/2019

17:31

17.546

Големина на фонт

а а а

Некои славни жени немаат проблем со покажување на голото тело. Додека нивните колешки можеби изнајмуваат двојнички за нивните задници да се појават на филм, Ешли Греам, Хали Бери и Емили Ратајковски без проблем објавуваат голи фотографии дури и на социјалните мрежи.

Актерката Хали Бери рекла дека ѝ било тешко да го засака своето тело, но со текот на времето успеала во тоа. 

“Секој ден би се фотографирала гола, доколку луѓето не ме прогонуваа за тоа”, тврди Бери која често објавува фотографии на кои го покажува телото.


Пејачката Сиа настапува со предимензионирани перики на главата за да го скрие својот идентитет, но по дрскиот обид за продажба на нејзините голи фотографии, таа одлучила самата да ги објави.

“Некој се обидува да ги продаде моите голи фотографии на фановите. Чувајте ги парите, еве ви ги бесплатно”, напишала Сиа на Твитер.

##https://twitter.com/Sia/status/927726442154098688##

Голата фотографија од Селин Дион е објавена на Инстаграм профилот на списанието “Вог”. Селин сакала да покаже дека годините ништо не значат, а со тој потег ги воодушевила своите фанови.

Аријана Гранде објавила сцена од спотот на која е гола на својот Инстаграм профил, прекриена со боја за тело. Пејачката предупредила на двојните стандарди во забавната индустрија.

“Ако пишувате за тоа како некој маж е секси без маица, а некоја жена одлучи да се фотографира само во гаќички и да ги покаже градите, нејзе исто така би требало да ја почитувате”, тврди Гранде.

Гола се фотографирала и најпопуларната плус сајз манекенка, Ешли Греам, која раскажала дека постојано ѝ зборувале како е дебела, грда и едноставно не е доволно добра.

“Најлошо ми беше кога имав 18 години. Се чувствував одвратно. Мојата мајка беше таа која ми помогна и која ми кажа дека ова не го правам за себе туку за некој кој ќе го види моето тело и на кој ќе му го променам животот”, изјавила Ешли.


Манекенката Емили Ратајковски нема проблем со голотијата.

“Луѓето не сакаат жени кои ги покажуваат своите тела, ги нарекуваат “вулгарни”. Чудно е тоа што луѓето, кога ќе видат гола жена, мислат само на секс. Одвратно”, изјавила убавата манекенка.


Комичарката Челси Хендлер обожува да се соблекува, но вели дека сето тоа го прави поради хумор.

“Мислам дека голотијата е смешна, додека правите нешто глупаво. Јас додека се фотографирам, не се обидувам да намамам некого во кревет”, вели Хендлер.


Ријалити ѕвездата, инфлуенсерка и најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, се соблекла целосно гола за Плејбој. Во описот од фотографијата на која Тревис ја прегрнува, а таа на себе има само каубојски шешир, кратко напишала: “Кога Хјустон ќе го сретне Лос Анџелес”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk