Бремени сме, чекаме бебе! Рики Мартин и неговиот сопруг ќе имаат 4-то дете!

Супермен

30/09/2019

19:20

10.446

Големина на фонт

а а а

Поп пејачот Рики Мартин (47) на свечена вечера во Вашингтон, посветена на кампања за човекови права, открил дека тој и неговиот сопруг, Џван Јосеф (35) го чекаат четвртото дете, пренесува „USA Today“.

„Ве сакам со целото срце, ме инспирирате секојдневно, вие сте мојата сила. Ме мотивирате да продолжам со ова. Прекрасни сте“, им порачал пејачот на својот сопруг и близнаците Матеа и Валентин (11), додека ја примал наградата за застапување на ЛГБТИ правата.

После тоа ја поздравил својата 8-месечна ќерка Луција, која не била со нив, нарекуваји ја „светлина на неговиот живот“.

„Попатно, мора да најавам дека сме бремени. Чекаме бебе. Обожувам големи семејства“, додал пејачот.

View this post on Instagram

#CoverStory for @bhlmagazine . ?: @maxwellpoth

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

Пред малата Луција, Мартин пред 11 години преку сурогат мајка добил близнаци, а со сопругот Џван минатата година љубовта ја крунисал со брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk