Дани Димитровска: На „слатки маки“ бев летово

Точка

01/10/2019

11:18

6.740

Големина на фонт

а а а

Летово Дани била на „слатки маки“ при снимањето на нејзината најнова композиција „Четири ѕида“.Убавината на музиката е вели во доживувањето на секоја една индивидуа на свој различен начин...Она што ја исполнува подеднакво колку и музиката е кога луѓето се однесуваат како луѓе, тогаш вели постои надеж човечноста да победи. Батериите ги полни во Каиро, каде е ангажирана како анти аидс амбасадор.

Кој е текстописец, композитор, аранжер на твојата најнова композиција „Четири ѕида“?

- Композитор и текстописец е Весна Малинова Бабамов. Аранжер и продуцент е Киро Бабамов.

Која е пораката?

- За секој е индивидуална. Кој какви искуства носи тоа дуплира...Тоа е убавината во музиката. Доживувањето на секоја една индивидуа на свој различен начин... За мене „Четири ѕида“ пренесува дека ѕидовите се само во главата и никако поинаку. Друг искусува нешто сосема поинаку. Нека тече...

Летово работеше на песната или имаше време за одмор?

- Секогаш се има време за себе. Одмарав неколку дена. Остатокот од летото го искористив за снимања и настапи ширум земјава.

Каде ги полнеше батериите и по што ќе го паметиш ова лето?

- Батерии многу често полнам и кога сум ангажирана како анти аидс амбасадор во Каиро, каде што бев и ова лето, посетувајќи социјално загрозени региони.

Летово ќе го паметам по снимањето на „Четири ѕида“ во капут на +40 степени. Тоа се „слатките маки“ од кои не се жалам.

Што е она што ја исполнува Дани подеднакво како и музиката?

- Кога луѓето се однесуваат како луѓе, тоа ме исполнува и ми влева надеж дека човечноста еден ден ќе победи.

Што да очекуваме следно на музички план покрај промоција на „Четири ѕида“ работиш ли на нешто ново?

Работам на нова музика... Следува нов сингл, па уште еден и така натаму...


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг