(+18) Ѕвездата на серијата “Boy Meets World” станала порно актерка: “Квалитетните работи и жешкиот секс одат заедно”

Точка

02/10/2019

18:36

18.859

Големина на фонт

а а а

42-годишната Мејтленд Ворд која глумеше во хит серијата од 90-тите, “Boy Meets World” , проговорела за преминувањето во порно индустријата.

Актерката која ја играше Рејчел Мекгвајер во популарната тинејџерска серија од 1998 до 2000 година, е позната и по улогата во филмот “White Chicks”, а се појави и во неколку познати ТВ серии како “Home Improvement” и “The Bold And The Beautiful”. 


На социјалните мрежи, Ворд започнала да објавува провокативни фотографии од 2013 година, но професионалната порно кариера ја започнала во мај оваа година по потпишување на договор со агенција за таленти.

42-годишната актерка зборувала за својот прв долгометражен игран филм за возрасни, “Drive”.

“Ме прашаа дали сакам да бидам дел од тоа, никогаш не сум знаела дека во индустријата за возрасни или порнографијата постои нешто толку добро направено”, изјавила таа за магазинот “Touch Weekly”.

“Го прочитав сценариото и помислив дека е навистина добро напишано. Има многу теми и мојот лик е многу поинаков од она што сум го глумела досега”, додала таа и открила дека нејзиниот лик започнува како “невин, за подоцна да излезе од својата лушпа”.

Мејтленд вели и дека нејзината транзиција во порно актерството одела многу бавно. Вели дека сè започнало со косплеј и ѝ се допаѓало вниманието кое го добивала кога носела секси костими.

“Отсекогаш сум била егзибиционист”, изјавила актерката и додала дека започнала да снима порно филмови пред неколку месеци.

“Чувствувам дека квалитетните работи и жешкиот секс одат заедно и навистина го посакувам тоа. Се надевам дека моето минато може да додаде легитимитет на голем проект, привлекувајќи внимание или да ги натера луѓето да гледаат и да кажат: “Ох да, навистина е добро”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг