Актерката Сара Џесика Паркер со пофалби за македонскиот документарец: “Интимна, но сепак епска приказна”

Точка

07/10/2019

11:32

3.206

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Сара Џесика Паркер е воодушевена од македонскиот документарен филм “Медена земја”.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од филмот под која напиша дека има причина зошто овој филм ги освојува сите награди и признанија. 

‘”Медена земја” е неверојатна, визуелено зачудувачка, интимна но сепак епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!”, напишала Паркер на Инстаграм и додала:

“Честитки за авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што нѝ дозволивте да патуваме со вас во малото место во Република Македонија. Вас двајца јас ќе ве следам секаде”.

“Медена земја” е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Ова е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на оваа година се закити со 3 главни награди на престижниот фестивал “Санденс”. “Медена земја” е и македонскиот кандидат за Оскар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг