Се огласи и капитенот на Бугарија, Попов: Фановите беа бесни на мене, но јас…

Дерби

16/10/2019

10:52

1.359

Големина на фонт

а а а

Немилите сцени од стадионот „Васил Левски“ од натпреварот меѓу Бугарија и Англија брзо го обиколија фудбалскиот свет.

Реакција пристигна дури и од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов кој побара оставка од претседателот на ФС Бугарија и истата веднаш беше поднесена.

Сега, за англиските медиуми свој коментар даде и Ивелин Попов, капитенот на Бугарија кој ги собра симпатиите кога замина да ги моли навивачите да не скандираат расистички пораки.

– Беше важно да се зборува со нив на полувреме затоа што тоа е голем проблем за сите, нашата федерација, Англија и нивните фанови. Може да добиеме голема казна и тоа не е добро за бугарскиот фудбал. Тоа не е добро за никого. Дали Англичаните ми побараа да одам кај фановите? Не. Ние сме 11 на 11, нашата боја на кожата не е важна. Таа не е никаков проблем, ние сме сите исти. Ние сме едно големо фудбалско семејство, и сите, не само јас, ако сме заедно можеме да ги запреме овие лоши работи. Фановите на Бугарија беа бесни на мене? Да, тоа е нормално. Но тоа е така затоа што губевме со 4:0 на полувреме, беа многу бесни и ми викаа да не им се обраќам. Сепак, мислам дека ситуацијата се потсмири по мојот разговор со нив, па во второто полувреме работата на трибините беше малку посмирена, - изјави Попов за англиските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг