Нема среќа со повредите, но затоа не може да се пожали од љубовниот живот: Нејмар во врска со “жешката” манекенка со хрватско потекло

Супермен

16/10/2019

12:25

5.826

Големина на фонт

а а а

Можеби во последно време не му оди одлично на фудбалскиот терен, на кој пред некој ден повторно се повреди, но затоа надвор од теренот е во “полн сјај”.

За бразилскиот ас Нејмар веќе некое време се зборува дека се забавува со манекенката Наталија Барулиќ која има хрватско потекло, пренесуваат бразилските медиуми кои будно го следат неговиот приватен живот. 

Оваа манекенка наводно била забележана на неколку натпревари на ПСЖ, а сега останува само парот заедно да се појави во јавноста и да ги потврди ваквите гласини.


“Делумно сум Хрватка. Големо е задоволството да се биде во оваа прекрасна држава за првпат”, напишала Наталија во текот на посетата на Дубровник пред неколку месеци.

Нејзиниот татко е по потекло од Хрватска, а мајка ѝ е Кубанка. Наталија е родена во Калифорнија, каде учествувала и на изборот за Мис Калифорнија.

Таа е и заштитно лице на многу познати модни брендови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk