Најлудиот фудбалер во историјата - спиел со повеќе од 400 жени, правел оргии со соиграчите и во кариерата добил 22 црвени картони!

Супермен

16/10/2019

12:38

4.530

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Челси и Бирмингем, Рој Мекдоналд, дефинитивно е еден од “најлудите“ играчи кои некогаш чекореле по фудбалските терени.

Овој контроверзен фудбалер во својата кариера заработл рекордни 22 црвени картони, а бил исклучително активен и на теренот и надвор од него.

„Најлудиот фудбалер кој “поентирал“ и на теренот и надвор од него“ - така англиските медиуми го опишуваат Рој, кој денес го слави својот 61-ви роденден.

За 18 години кариера Рој одиграл вкупно 650 натпревари, постигнал 150 голови и собрал 22 црвени кртони.

Тој бил исклучително активен и надвор од теренот. Во својата автобиографија открил дека имал 400 сексуални партнери, признал и дека сакал да има оргии со своите соиграчи и дека полово преносливите болести не му биле непознати.

Неговото мото било: „Победи или изгуби, но секогаш напиј се!“

Како свој најголем трофеј го истакнува освојувањето на мисицата на Велика Британија, Кристина Хаугтон, а се фалел дека ја освоил со “половина литар пиво и една фунта“.

Често возел автомобил мртов пијан, но за негова среќа тој никогаш не доживеал несреќа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk