Милион луѓе ѝ се смеат - Ким Кардашијан објавила провокативна фотографија од својата луксузна вила, а сите гледаат само во овој необичен детаљ

Точка

16/10/2019

15:00

7.600

Големина на фонт

а а а

Најпознатата ТВ ѕвезда на светот сакала само да го промовира својот нов производ и да добие комплименти за својот изглед, но секако дека не се надевала дека ќе стане главна тема откако објавила фотографија од својот дом.

Најпозната во своето популарно семејство Кардашијан - нивната некрунисана кралица Ким, вчера со своите следбеници на Инстаграм објавила фотографија која настанала во нејзиниот тоалет, за да ја промовира својата долна облека.

Станува збор за “длабоки“ гаќи и топ во сива боја, а Ким ја искористила можноста детално да ја опише бојата и текстурата на сојата долна облека, за тоа како е растеглива итн. Меѓутоа, тоа не ги интересирало многу нејзините фанови. Тие всушност сакале да знаат каде се наоѓа Ким.

Пред неа, како што гледаме има четка за заби, на десниот дел од фотографијата се гледа чешма, а лево нешто што личи на када... Сето тоа довело до заклучот дека Кардашијан се наоѓа во тоалет. Но, позади неа го гледаме брачниот кревет. Ако погледнете малку подалеку, позади неа ќе видите и нешто што личи на мебел за дневна соба.

Поради тоа, големиот дел од коментарите под фотографијата се однесуваат на тоа што иако таа живее во вила вредна 60 милиони доалри, Ким и Кание немаат врата. Најголемиот дел од коментарите се прашални за тоа како Ким и Кание одат таму “каде што царот оди пешки“, како и тоа дали имаат приватност.

Ова не е првпат, несекојдневниот ентериер на домот на Ким да привлекува внимание во јавноста. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг