Адријана Будимир беше долгогодишна девојка на Тоше Проески, а многумина и до ден денес ја нарекуваат “негова најголема љубов“.
По смртта на Тоше, пред 12 години, Адријана се повлече од јавноста и одбиваше да разговара со новинарите за никогаш непреболениот Тоше. За нивната љубов се дозна по смртта на Тоше, а медиумите тогаш почнаа интензивно да пишиваат за неа.
Адријана, нивната љубов мораше да ја докажува и на суд затоа што менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ ја обвинила дека лаже и дека никогаш не била девојка на славниот пејач. Пресудата на крајот била во корист на Будимир, а Петровиќ морала да ѝ исплати 300.000 денари отштета поради клевета и да плати околу 500 евра за судски трошоци.
Пет години по неговата трагична смрт, Будимир се омажила за угостител од Скопје, а парот во 2014-та година го добил и синот Максим.
Таа отворила и приватно училиште за ракомет, а во април месец оваа година станала тренер на машката репрзентацијана Македонија. Таа воедно е и првата жена на таа позиција во историјата.