Дани Алвес: Парижаните знаат да бидат расисти

Точка

16/10/2019

15:39

1.131

Големина на фонт

а а а

Десниот бек на Сао Пауло и бразилскиот репрезентативец Дани Алвес проговори за својата „авантура“ во дресот на париски ПСЖ.

Дани Алвес две сезони го носеше дресот на францускиот клуб и во тој период освои две титули во француската лига, еден Куп на Франција и еден Лига Куп. Сепак, Бразилецот открива дека не уживал баш во животот во Париз.

„Тоа беше еден интересен културен шок. Ако го посетиш Париз на една седмица, веројатно ќе си поминеш како никогаш во животот, но ако поминеш таму подолго, тогаш е поинаку. Ме потсетува малку на Сао Пауло, но во Париз луѓето знаат да бидат расисти. Не кон мене, но за тоа ми зборуваа моите пријатели“, изјави Дани Алвес.

Инаку, бразилскиот десен бек по истекувањето на договорот со ПСЖ премина во Сао Пауло, а со Бразил минатото лето ја освои Копа Америка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг