Алегри на чекор од „Олд Трафорд“?

Точка

16/10/2019

15:49

1.622

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува италијански „Тутоспорт“, инаку весник близок до Јувентус, Масимилијано Алегри е пред нов тренерски ангажман.

Наводно, нова дестинација на Алегри ќе биде Премиер лигата, односно наскоро ќе биде назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Заедно со Алегри во Англија ќе отпатуваат и двајца фудбалери на Јувентус. Станува збор за Марио Манџукиќ и Емре Џан, играчи кои што не добиваат преголема минутажа од новиот тренер на „Бјанконерите“, Маурицио Сари.

Поранешниот тренер на Каљари, Милан и Јувентус има намера за член на стручниот штаб да го ангажира Патрис Евра, а во таборот на „Црвените Ѓаволи“ ќе има прилика повторно да соработува со неговиот миленик Пол Погба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг