Најлошите работи кои дадилките ги доживеале на работа: „Имаа соба полна со секс играчки“

Кармин

16/10/2019

17:30

2.570

Големина на фонт

а а а

Да се биде дадилка изгледа како едноставна и идеална работа за да се заработи некој денар, но кога-тогаш на крајот изгледа целосно различно од очекуваното.

На страницата „Reddit“ дадилките откриле, што сè доживеале во текот на нивото работно време во куќите каде што ги чувале децата, а таму пронашле различни работи, од секс играчки до дрога, пишуваат од „The Sun“.

„Едно семејство каде што ги чував децата имаше заклучена соба во подрумот. Еднаш од љубопитност ја отворив, а внатре имаше преполно нацистички работи“.

„Кога првпат појдов во куќата, жената ми покажа каде што се наоѓа, а кога влеговме во една просторија, ме затекна соба полна со играчки за секс. Се воспостави дека таа и нејзиниот сопруг ги продаваат за дополнително да заработата, а жената ме предупреди на нив за да не ми биде непријатно. Најважно е што на крајот многу добро ме платија“.


„Често чував деца од повеќе семејства одеднаш. Тоа ми беше супер затоа што во исто време заработував тројна плата. Но, одеднаш дознав зошто децата од сите три семејства ги чував во исто време. Се воспостави дека во градот има свингерски клуб, а јас децата ги чував додека нивните родители се забавувале“.

“Еднаш бев дадилка на едни деца чии родители беа значајни луѓе во светот на уметноста. Иако имаа луксузни вили и авотмобили, децата им беа многу чудни. Особено повозрасните. Еднаш осумгодишното девојче ми покажа бебе глувче кое го извадила од мајчината утроба, а кое и понатаму го чувала во стакларник на прозорот од кујната. Нешто не беше во ред со тоа девојче“.


„Во едно мое чување на деца, бев ставена во непријатна ситуација поради тоа што бев сведок на неверство. Жената ќе се дотераше и ќе го оставеше дома венчалниот прстен. Во куќата се враќаше доцна, пијана, а знаеше да донесе и по некој маж дома кој ќе го претставеше како нејзин пријател“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk