Пристина новиот Yaris

Точка

16/10/2019

17:13

3.363

Големина на фонт

а а а

"Toyota" го претстави новиот "Yaris" кој доаѓа на сосема нова платформа, со нов ентериер и погонски единици.

Јапонскиот гигант значително инвестирал во својот градски ас, кој е најпродаван модел на "Toyota" во Европа. 

Четвртата генерација е дизајнирана во Eвропа, со фокус на купувачите на "Стариот континент", а ќе продолжи да се произведува во француски Валенсиен.

Сепак, прв пат "Toyota" ќе го користи името "Yaris" глобално, како со "Corolla".

Дизајнерски новиот "Yaris" е поагилен од претходникот без MPV линии и 20 килограми полесен.

Новата GA-B платформа ја намалила висината на кровот за дури 40 милиметри, но Toyota тврди дека тоа не влијаело значајно на загубата на просторот.

"Yaris" е 50 мм поширок, со 60мм поширок траг, додека меѓуосовинското растојание е зголемено за 50 мм, што е се одразило на патничкиот простор.

Сепак, новиот Yaris е подолг од претходникот за само 5 милиметри, што значи дека и натаму е под 4 метри должина со унапредено градско маневрирање.

"Toyota" тврди дека кабината е направена на принципот "раце на волан, поглед на пат", со минималистичка контролна табла во бинокуларен стил и мултимедијален екран позициониран во линија со очите на возачот.

Позицијата за седење на возачот е подобрена со поголемо седиште и прилагодлив волан.

"Yaris" доаѓа со три бензински погонски единици, сте три трицилиндарски. Во основата е 1,0-литарски агрегат со петостепен мануелен менувач.

Поголем, 1,5-литарски доаѓа со шестостепен мануелен или CVT автоматски менувач, а тука е и хибридната единица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг