Викторија Бекам вели дека во својот сопруг, поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам, се заљубила на прв поглед, но тоа не доволно за успешен и среќен брак и после 20 години.
Иако повеќе сака да зборува за работата, поранешната спајсица и модната дизајнерка споделила неколку тајни од нивната долготрајна љубов.
„Децата нѝ се приоритет. Сè што правиме се врти околу нив. Двајцата многу работиме и ги сакаме своите професии, се поддржуваме меѓусебно и многу сме среќни што се најдовме и што пораснавме заедно. Многу се трудиме да бидеме присутни во животите на нашите деца“, вели Викторија.
Таа и Дејвид имаат четири деца - Бруклин (20), Ромео (17), Круз (14) и Харпер (8).
Кога нивната врска започнала, кон крајот на 90-те години, двајцата биле огромни ѕвезди на врвот од славата, но само неколку години после гламурозната венчавка и првиот син, се појавиле на насловните страници на сите светски таблоиди и тоа поради наводното неверство на Дејвид.
Ребека Лос, во 2004-та година раскажала дека имала афера со фудбалерот додека работела како негова асистентка.
Холаѓанката приказната им ја кажала на медиумите, но и Викторија и Дејвид ги демантирале обвиненијата.
Тогаш многу се зборувало за нивен развод, но тие двајца успеале да останат заедно и никогаш не покажале слабост во јавноста.
Со оглед на тоа дека денес имаат преполни распореди кои често не се усогласени, објаснила дека многу е важно да се комуницира.
„Многу нѝ олеснува тоа што сме добро организирани и имаме поддршка од нашите тимови, а дополнителна предност е тоа што моите и на Дејвид родителите сакаат да поминуваат време со децата“, вели Викторија.
Признава дека понекогаш има грижа на совест бидејќи многу работи, но и дека го прифатила советот на колешката дизајнерка, Дијана вон Фурстенберг, во врска со тоа.
„Сакаш да бидеш професионална, да ги следиш своите соништа, а истовремено сакаш да бидеш најдобра мајка и чувствуваш грижа на совест кога не си со нив... Не треба да се чувствуваш виновна, сето тоа е процес на растење и стареење всушност“, ѝ рекла таа.