Мајкл Даглас отворено за неговиот син кој бил зависник од дрога: „Мислев дека ќе го изгубам“

Супермен

16/10/2019

18:49

4.179

Големина на фонт

а а а

Камерон поради дилање дрога бил позади решетки, а во својата дваесетта година станал зависник од кокаин. Камерон Даглас (40), син на познатиот актер Мајкл Даглас (75), уште како тинејџер бил во “пеколот“ на дрогите. Тој на почетокот бил само дилер, меѓутоа подоцна и самиот тој станал зависник од хероин.

„Мразев сè што ми се случуваше во животот поради дрогата, но едноставно не можев да престанам“ - искрено рекол Камерон во големото интервју за магазинот „People“.

За родителите и за продуцентката Сианди Лукер (63) овој период бил најтешкиот, се чувствувале беспомошно и не знаеле како да му помогнат, а и тие чувствувале дека тонат заедно со него. Секој совет кој му го давале на нивниот син не бил од помош, затоа што Камерон не сакал ни да чуе за тоа.


„Имаше моменти кога надежта целосно исчезнуваше. Животот ни се претвори во низа кризи. Мислев дека ќе го изгубам“ - изјавил Мајкл за тоа како се чувствувал во најтешките моменти од неговиот живот.

За Камерон во тој период може да се каже дека дрогата му станала рутина.


Тој имал обвиненија дека дилал метамфетамин и кокаин и поради тоа бил седум години позади решетки. По затворската казна Камерон целосно се сменил, тој денес е во брак со инструкторка по јога, Вивијан со која ја има ќерката Луу.

Камерон сега се посветил на луѓето кои го имаат истиот проблем и како што вели тој има голема желба на секој еден таков да му помогне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk