12 жени го обвиниле оскаровецот за сексуално вознемирување, ново судење во декември

Точка

16/10/2019

19:46

3.499

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Куба Гудинг Џуниор се појавил пред судот во Њујорк поради обвинение за сексуално насилство, но бил ослободен под обврска да се јави на следниот повик. Актерот повторно ќе се појави пред судот на 13-ти декември.

Гудинг се изјаснил како невин по две обвиненија за сексуално злоставување. Обвинителката Џена Лонг рекла пред судот во Менхетн дека против него ќе сведочат повеќе од 10 сведоци. Обвиненијата од 12 жени кои датираат од периодот од 2001-ва до 2018-та година вклучуваат обвиненија за допирање по барови, ресторани и хотели. 

Според зборовите на обвинителката, неколку наводни инциденти се случиле во Њујорк и Лос Анџелес, додека останатите се случиле во Лас Вегас, Далас и Албакерки.

Куба Гудинг Џуниор претходно бил обвинет дека ги допирал градите на една жена во бар на 9-ти јануари. Жената на полицијата и кажала дека актерот бил под дејство на опијати. Одбраната навела дека постојат два сведоци кои велат дека тој инцидент не се случил, како и дека снимката од надзорните камери во барот го потврдува тој исказ.

Гудинг, кој пред две години се развел од сопругата Сара Капфер, со која минал 22 години, е еден од десетината мажи во политиката, забавата, спортот и деловниот свет кои се обвинети за сексуално недолично однесување, откако било започнато движењето #MeToo против продуцентот Харви Вајнштајн.

Куба и Сара се запознале во средно училиште, кога започнале љубовна врска, а во 1994-та година се венчале. Првиот аларм за проблеми во нивниот, дотогаш складен брак, се случил кога неговата сопруга одлучила да се исели од нивната куќа, повеќе од една година пред разводот.

Меѓутоа, тогаш не се развеле официјално и продолжиле да се појавуваат заедно на доделувања на награди, поради што сите верувале тоа било само криза. На многумина, меѓутоа, им било јасно дека за нивниот брак нема спас, а набрзо и Куба официјално поднел барање за развод.

Сара и Куба биле во брак 23 години, а имаат и три деца - ќерката Пајпер и синовите Спенсер и Мејсон, за кои таа барала целосно старателство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг