Скандал во семејството Клуни: Седнала во автомобил во алохолизирана состојба и завршила во затвор! Еве колкава казна ја чека

Точка

16/10/2019

21:43

6.216

Големина на фонт

а а а

Во семејството Клуни се одвива драма откако сестрата на Амал Клуни (41), Тала Аламудин Ле Талек (47), ја осудиле на три недели затвор и казна од 6.400 долари. Тала направила неколку сообраќајни прекршоци, меѓу кои и возење во алкохолизирана состојба.

Во мај оваа година Тала ја запрел сообраќаен полицаец поради рутинска контрола после што се открило дека е под дејство на алкохол. Во нејзиниот организам е пронајдена трипати поголема количина на алкохол отколку што е дозволено.


Тала жали поради прекршокот кој го направила и свесна е за последиците. Полицаецот на суд рекол дека не можела да одговори на неговите прашања, поради пијаната состојба и дека мирисала на алкохол. Кога Тала ќе излезе од затвор ќе ѝ биде одземена возачката дозвола на 4 години.

„Тала, мајка на четири деца, ја сфаќа грозната грешка која ја направила и страда од непосакуваното медиумско внимание поради причини кои не се под нејзина контрола“, рекол адвокатот на Тала. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг