Фотографиите од тажната коала која открива дека го срушиле нејзиниот дом го обиколија светот

Точка

17/10/2019

15:35

3.053

Големина на фонт

а а а

Сечата на дрва остава свои траги ширум планетата, а освен што влијае на воздухот кој го дишеме, со себе ги носи и домовите на животните кои живеат во тие шуми.

Фотографиите од една тажна коала од Австралија кои прикажуваат како таа го набљудува опустошеното место на кое некогаш се наоѓал нејзиниот дом, го обиколија светот. 

Малечкото животно го пронашол и фотографирал еден од волонтерите на организацијата “Wildcare Australia”. Бидејќи коалата била повредена, тој ја одвел на ветеринар и ја нарекол Еш.


Австралискиот волонтер рекол дека коалата изгледала како да сака да праша “Што се случило со мојот дом?”, а нејзиниот став и енергија кажуваат доволно за тоа колку е скршена од губењето на домот.

Иако го изгубила своето живеалиште, приказната на Еш има среќен крај. За нејзината повреда се погрижиле ветеринарите, а добила и корпа со еукалиптус со која брзо заборавила на маките низ кои прошла.


Коалите неодамна беа прогласени за загрозен вид, а Австралиската фондација за коали соопштила дека во светот се преостанати уште 80.000. Најголемата причина за намалување на нивниот број се климатските промени кои влијаат на изворите на нивната храна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг