Поранешната сопруга на Џамбазов за нивниот однос: „Тој беше и ќе остане дел од мојот живот“

Точка

17/10/2019

21:30

8.834

Големина на фонт

а а а

Некогашната сопруга на шоуменот, актер, музичар и водител Игор Џамбазов, Искра Канзурова, гостуваше во емисијата „Збор по збор“ на ТВ Алфа.

Искра освен за приватноста, остварувањето како мајка, зборуваше и за деновите поминати со Џамбазов. Таа е жена која не се плаши јасно да го каже своето мислење, ниту она што го чувствува.

„Сакам до мене да имам луѓе кои ќе ми ја кажуваат вистината, не сакам некој што само ми клима со глава, што трепка и што постојано сè одобрува. Поаѓајќи од себе мислев дека и другите се такви, но испадна дека не е така. Сепак си ги имам вистинските пријатели, а јас на овие години не можам да се менувам веќе, и не размислувам веќе на таа тема. Таква сум, каква што сум, ќе забегаш ако се обидуваш да те сакаат сите“, вели Искра во емисијата.


Таа денес е сопруга и мајка на две дечиња, а на прашањето во какви односи е со поранешниот сопруг Игор Џамбазов, открива дека со него нема никаков контакт.

„Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата нѝ стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод, ако за нешто сум му благодарна, е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него. Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката. Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавноста не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа, јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна“, открива таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг