Мајк Тајсон ја соблече јакната и покажа што знае: „Не се враќам во ринг, но би можел“

Супермен

18/10/2019

14:22

5.106

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, веќе 14 години ужива во пензија, а сега одлучил да покаже дека сè уште го поседува она што е потребно за влегување во ринг.

На својот Твитер профил тој објавил видео во кое покажува дека и на 53 години и понатаму го им она нешто кое е потребно за на некој друг да му наштети внатре во рингот.

„Не се враќам во ринг, но би можел, само платете однапред. Сакам да разговарам со новите генерации за бокс“ - рекол Тајсон.

Тајсон во својата кариера победил 50 пати во вкупно 56 борби, а 44 ги завршил со нокаут. И до ден денес е најмладиот светски првак во тешка категорија во историјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk