Долгоочекуваниот електричен автомобил на германски Porsche веќе пристигна и застана „на линија“ со неговиот најголем конкурент од Америка.
Трката во забрзување на овие два модели веруваме дека сите ја очекуваа со нетрпение после претставувањето на Taycan - првиот целосно електричен автомобил на германскиот гигант Porsche.
Porsche Taycan Turbo S има 625 коњски сили, но со помош на "Overboost" таа бројка изнесува 761 коњски сили и 1050 Nm максимален обртен момент. Тие бројки овозможуваат забрзување од 0 до 100 километри на час за 2,9 секунди.
Од друга страна, Tesla Model S P100D располага со 611 коњски сили и 930 Nm максимален обртен момент. Од 0 до 100 километри на час развива за 2,6 секунди, односно американскиот ривал е нешто побрз од „Германецот“ на стартот.
Но, какви се резултатите кога овие два автомобили ќе се судрат на тркачката патеа во исти услови? Погледнете на видеото подолу.