Среќен роденден, Фиќо!: На денешен ден пред 64 години беше произведен првиот модел во Крагуевац

Супермен

18/10/2019

15:38

4.306

Големина на фонт

а а а

По лиценца на италијанскиот Фиат, на 18-ти октомври 1955 година е произведен првиот модел Застава 750, попопуларен помеѓу народот како Фиќо, кое се произведувало во наредните 30 години сè до ноември 1985 година.

Вкупно се произведени 923.487 примероци од овој автомобил кој во поранешна Југославија е прогласен за национална класа. За тоа колку била голема неговата популарност, говори и фактот дека е снимен и истоимениот, денес култен филм, со Драган Николиќ во главната улога. 


Неговиот претходник настанал во 1936 година, кога инженерот на Фиат, Данте Гиакоса, го конструирал легендарниот Тополино. Од Гиакоса било побарано да конструира нов мал градски автомобил за 4 лица, на платформата на Тополино.


Првото Фиќо кое било произведено во Крагуевац поседувало само 29 коњски сили. Освен во Италија и Југославија, популарното Фиќо се произведувало и во Австрија, Шпанија и Аргентина, а од производствените ленти излегле вкупно 2.695.197 автомобили во сите верзии.


Последниот автомобил од производствената лента на крагуевската Застава излегол на 18-ти ноември 1985 година, а истиот бил во црвена боја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг