Хакер открива како целосно да “исчезнете“ од интернет така што никој нема да има никакви податоци за вас

Точка

18/10/2019

16:40

6.295

Големина на фонт

а а а

Да, очигледно возможно е само да исчезнете од интернет. Без разлика дали сте шпион или пак само обична личност која големо значење ѝ дава на приватноста и безбедноста, можеби некогаш сте помислиле дека ќе дојде денот кога ќе сакате од интернет да ги избришете податоците кои имаат некаква врска со вас.

Еден Твитер корисник, објавил многу важна листа за работите кои мора да ги направите доколку сакате да го постигнете тоа.

Нема да постигнете да заштитите 100 отсто од важите податоци, туку “само“ 99 отсто.

1. Прво што треба да направите е да ги пронајдете сите мејл профили кои некогаш сте ги имале и да ги проверите лозинките затоа што ќе треба да се одјавите од сите сајтови за кои сте ги користеле тие мејлови.

2. Потоа потребно е да влезете во сите стари мејлови и да ги пронајдете сите листи во нив на кои можеби сте се пријавиле и да ги избришете. Истото важи и за отанатите профили кои можеби сте ги направиле користејќи некои од своите мејл адреси.

3. Сега е време да се “избришете“ од Гугл. Хакерот вели дека не треба да му дозволите на Гугл да “допре“ некој ваш податок за вас и во твитот дава линк на кој може да пребарате низ секој сервис од Гугл.

4. Сега избришете ги сите ваши стари мејлови. Доколку некои профили сепак ви се потребни тогаш сменете ја лозинката и безбедносното прашање. Потоа потребно е на секои шест месеци да го менувате тоа затоа што хакерите секојдневно можат да дојдат до новите бази на украдените податоци и лозинката.

5. Заштитете ја вашата интернет врска. Најдобар совет е да користите некој VPN сервис, но оние кои немаат логови, со други зборови да не следи што сте правеле додека сте ја користеле неговата интернет врска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг