Марк Закерберг само што ја изгоровил најголемата лага за тоа како настанал Фејсбук

Точка

18/10/2019

17:29

3.995

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека основачот на Фејсбук се срами од своето минато.

Изгледа дека мислите на Марк Закерберг, да го кажеме ова поблаго - се луди. 

Овој факт повторно бил воочен за време на неговиот вчерашен говор на Универзитетот Џорџтаун.

Марк Закерберг се обидел во целост да ја избрише вистинската историја која стои зад основањето на неговата компанија - Фејсбук.

И очигледно смета дека сите ќе ги проголтаат неговите лаги.

Основачот на Фејсбук инсистирал дека неговата социјална мрежа е родена од најплеменети причини за "сите да добијат свој глас", по инвазијата на Ирак во 2003-та година.

Да, добро прочитавте.

А еве го и целиот говор во кој се обидува одново да ја испише историјата:

"Кога бев на колеџ, нашата земја тргна во војна со Ирак. Луѓето на колеџ не можеа да веруваат. Почувствував дека сите реагираме а не сме ги слушнале сите важни перспективи. Данокот кој го зема војната беше огромен, а многумина се чувствуваа немоќно да го променат тоа. Се сеќавам дека чувствував дека, ако повеќе луѓе имаат свој глас, при поделбата на своето искуство, можеби работите ќе бидат поинакви. Тие години го обликуваа моето верување дека општеството ќе биде подобро ако луѓето имаат глас кој ќе им даде сила. Тогаш направив прва верзија од Фејсбук за мојата заедница и можев да видам како моите верувања делуваат", изјавил тој.

Закерберг тука имплицира дека Фејсбук е манифестација на неговото верување дека светот ќе биде подобро место ако секој човек има право на свој глас.

Само, проблемот е во тоа што ниеден збор тука не е вистинит.

Приказната за настанувањето на Фејсбук е добро документирана и не го прикажува во многу убаво светло.

За сите оние кои се запознаени со приказната, TheFacebook настанал од креацијата на Закерберг "Not Or Not" под име Facemash, која собирала фотографии од студенти на Харвард од он-лајн директориуми и потоа од останатите студенти барала да ги рангираат по атрактивност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг