Џеј Ло не остава многу на имагинацијата: Еве како изгледа пејачката по напорен тренинг во теретана

Точка

21/10/2019

20:54

9.144

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез по којзнае кој пат се пофалила со својата одлична линија. Дека Џенифер Лопез има тело на кое може да се завидува, речиси нема кој не знае.

Познатата пејачка и актерка по којзнае кој пат покажала какви брутални стомачни има. Имено, таа се фотографирала во теретана, а тоа што може да се види е дека била сосема испотена. 

"Недела за потење", напишала Џеј Ло и го објавила селфито.

Џенифер не сопрела тука, па се фотографирала уште еднаш. Секако, во ова издание "пукала" од сексапил.

Инаку, Џеј Ло вредно работи на својот нов филм "Marry Me", во кој ја толкува главната улога. Неодамна била фатена како на Менхетн снима една од сцените во огромна венчаница.




Спонзорирани линкови

Маркетинг