Apple го надмина Microsoft и стана највредната компанија на светот

Точка

21/10/2019

16:22

2.000

Големина на фонт

а а а

Американскиот технолошки гигант Apple во петокот наутро го надмина Microsoft и стана највредната компанија на светот.

Популарниот произдител се проценува дека вреди околу 1,065 милијарди долари, со што ја надмина пазарната вредност на Microsoft која се проценува на 1,063 милијарди долари.

Инаку, Microsoft беше највредната светска компанија од 25-ти април кога компанијата на Бил Гејтс за прв пат ја проби границата од милијарда долари.

Акциите на Apple пораснаа во последните неколку седмици, иако бројни аналитичари предвидуваа дека iPhone 11 нема да се продава добро. Се очекуваше дека купувачите сепак ќе ја заобиколат „единаесетката“ и ќе ги почекаат 5G моделите, но сепак Apple повторно се искаи на врвот.

Истовремено, вредноста на акциите на Microsoft паднаа во петокот за 2,2%, а акциите на Apple за само 0,4%.



Спонзорирани линкови

Маркетинг