Една недела вежбал со јаже и успеал да ги врати своите стомачни мускули

Супермен

21/10/2019

18:14

4.856

Големина на фонт

а а а

Можеби очекувате фитнес тренерите секогаш да изгледаат совршено, но тоа не е возможно бидејќи сечија тежина варира.

Кога тренерот Брендон Епстајн кој стои зад Јутјуб каналот “Jump Rope Dudes” сфатил дека малку се здебелил, тој одлучил да се предизвика себеси и да се обиде да ги врати стомачните мускули за само една недела. Со тоа, тој одлучил да ја промени исхраната и да тренира по половина час дневно. 

Поради предизвикот, Брендон консумирал повеќе протеини, повеќе масти и многу малку јаглехидрати. Јадел многу јајца, јаткасти плодови и зелен зеленчук. На почетокот на предизвикот тежел 87 килограми, а за да ги намали масните наслаги, одлучил секојдневно да остварува калориски дефицит од 500 калории.

Првиот ден, тој започнал со 30-минутно прескокнување на јаже со висок интензитет. Вториот ден додал и 10 згибови и 30 склекови. Како што одминувале деновите, Брендон го зголемувал темпото, а на крајот од седмиот ден, вагата покажала 83,5 килограми. Исто така, неговите стомачни мускули почнале јасно да се оцртуваат.

“Секоја тежина флуктуира. Можеби навистина се здебелив, но докажав дека може да се ослабне за само една недела”, изјавил Епстајн.

Иако признава дека ваквото слабеење не секој може да го постигне, советува да останете доследни на себеси бидејќи со тоа полесно ќе ја остварите вашата цел. Исто така, апелира дека неколку килограми вишок не влијаат на вашето расположение.

“Не треба да се споредувате ниту со мене, ниту со било кој друг”, порачал тренерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk