Џака веднаш му одговори на Евра: Зборуваш ср**а, ние не сме…

Дерби

22/10/2019

15:38

1.494

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Арсенал, Гранит Џака веднаш му одговори на Патрис Евра кој синоќа жестоко распали по фудбалерите предводени од Унаи Емери.

Евра ги понижи фудбалерите на Арсенал и ги спореди со бебиња, како што ги викал и пред десет години играчите на овој клуб. Причината за тоа била дека тие постојано губеле од Манчестер Јунајтед и немале победнички менталитет.

Сега, на овие зборови жестоко одговори Џака кој истакна дека и Евра и другите зборуваат многу ср**а за клубот.

– Многу луѓе зборуваат и повеќе од што треба. Имам голема почит за Евра затоа што тој беше одличен играч, но мора да бидете внимателни што зборувате. Тој ја знае ситуацијата во нашиот клуб, и не само тој. Многу луѓе зборуваат ср**а и секогаш е исто. Мора да престанеме да зборуваме за психичката страна на играта и за ср**ата како овие. Извинете што се обраќам вака, - истакна видно револтираниот Гранит Џака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг