Емотивна исповед на мајката на Лука Дончиќ: Често плачам поради тоа како ме третираат во Словенија

Точка

22/10/2019

17:06

7.934

Големина на фонт

а а а

Мирјам Потребин последните години дошла во центарот на вниманието како горда мајка на еден од најдобрите европски кошаркари, Лука Дончиќ.

Словенката го следи својот син низ целата кариера, поради што во својата земја е често оспорувана. 

Моментално со Лука престојува во Далас и ја следи неговата НБА кариера.

"Мислам дека сме цврсто на земја, и Лука и јас. Како тој растеше, растеа и неговите сакани, се развиваше постапно и природно и секоја нова околност не влечеше кон животот кој го живееме. Имаше многу пресвртни моменти и од нив добив многу. Лука, пред се, е мој син и секогаш ќе биде", рекла Потребин.

Мирјам Потребин потоа зборувала за разликите во тоа како ја гледаат американската и словенечката јавност.

"Во Америка повеќе ме поддржуваат и ја бодрат мојата приврзаност со синот. Во Словенија често ме етикетираа како претерано грижлива мајка за неговите 18 или 19 години. Не знам дали е тоа оправдано. За мене ова е нормален живот, но има многу емоции поради кои се уште плачам", заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг