Во камион што од Бугарија дошол во Велика Британија биле пронајдени тела на 39 мажи, приведено е едно лице

Макфакс

23/10/2019

13:09

7.687

Големина на фонт

а а а

Во контејнер во камион во Есекс, пронајдени се телата на 39 мажи, а поради сомнеж за убиство уапсен е 25-годишниот возач на камионот од Северна Ирска.

Камионот со телата, за кој се верува дека стигнал од Бугарија во неделата, бил откриен рано утрово во индустрискиот парк Вотерглејд на Источната авенија, пренесе „Би-би-си“.

„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубиле животот. Нашата истрага ево тек за да утврдиме што се случило“, изјави шефот на полицијата, Ендрју Маринер.

Меѓу починатите има и еден тинејџер.

Се работи на идентификација на телата, велат од полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг