Овој сиромашен атлетирач трчал бос и се запишал во легендите – тоа што немал пари за патики не го спречило да стане најдобар на светот

Точка

26/10/2019

15:46

5.953

Големина на фонт

а а а

На денешен ден 1973-та година починал Абебе Бикила, легендарниот атлетирач од Етиопија. Абебе Бикила бил етиопски атлетичар и двократен олимписки шампион во маратон.

Тој станал национален јунак по победата на Олимписките игри во Рим во 1960-та година, постигнувајќи најдобро време на светот од 2 часа, 15 минути и 16.2 секунди.

По вторпат триумфирал на игрите во Токио во 1964-та година иако на само шест седмици пред игрите имал операција од слепо црево, сепак победил со најдобар резултат со време од 2 часа, 12 минути и 11.2 секунди.

Бикила настапувал и третпат по ред на Олимписките игри во Мексико Сити во 1968-та година, но повеќе не бил во победничка форма и се откажал по истрчани 17 километри.

Неговата легенда не е составена само на спортскиот успех, тој во својот народ, но и во целиот свет покажал што човек може да направи со својата упорност па дури и во мизерни услови. Син на пастир, судбински е поврзан со олимписките маратонски трки поради фактот дека е роден на денот на маратонските игри во Лос Анџелес 1932-та година.

Митот за Абебе Бикила настанал во 1960-та година. Иако добар атлетичар тој во експедицијата на атлетичари од Етиопија упаднал сосема случајно откако тогаш еден од најдобрите тркачи на светот Вами Бират го посрамотиле во една статија.

Поради тоа на Олимписките игри тој пристигнал неподготвен, немал време да обезбеди за себе потребна опрема па морал да трча бос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг