Зошто аплаудираме кога авионот ќе слета!? - причината поради која во Романија го прават тоа всушност е тажна

Точка

31/10/2019

10:33

4.336

Големина на фонт

а а а

За оние кои што се премногу “кул“ нема ништо поиритантно откако по слетувањето на авионот патниците ќе почнат да им аплаудираат на пилотите. Иако оваа традиција полека изумира, не можеме да не се запрашаме која е целта на тоа?

Дали тоа значи дека и на возачите на автобусите треба да им се аплаудира на секоја станица?

Инстинкт за преживување

Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, вели дека на некои луѓе тоа им е потребно за да се чувствуваат добро.

„Едноставно тоа е заеднички момент на преживување на поголем број на луѓе затоа што токму моментот на слетување е најопасен. Слетувањето е најдраматичниот дел од летањето, а некогаш ги чувствувате и тркалата под себе, па баш и не може да се спореди со автобус. Многу од луѓето не се ни свесни колку се нервозни во тој момент, но бидејќи се плашат да почувствуваат страв полесно се ослободуваат во заедничката врева и не изгледаат како кукавици.


Крај на претставата

Иако ни олеснило бидејќи сме на земјата, летањето е посебно искуство за многумина, а слетувањето е крајот на еден филм.

„Постои одредена театралност кога станува збор за летањето, ние сме публиката, а пилотите и стјуардесите актерите. Затоа чувствувме и потреба за да аплаудираме затоа што чувствуваме дека е крај на претставата“.

Култура

Луѓето од одредени земји ја имаат оваа навика која се вкоренила во нивните култури. На пример, Романците и Русите се познати по тоа што сакаат да аплаудираат по слетувањето на авионот. До Романската револуција која се случила во 1989-та година малку од нив можеле да ја преминат границата, па летањето со авион им било како да се наоѓаат во спејс шатл. Потоа кога во 1990-та година патувањето во странство станало “легално“ многу малку луѓе можеле да си го дозволат тоа себеси.


Дали овој обичај умира?

Во 80-те и 90-те години аплаудирањето била редовна појава, но овие денови тоа се применува многу поретко.

„Стравот од летањето се променил. Помалку се работи за стравот од полетување и слетување, а повеќе од тероризам“ - вели Џуди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг