Операција на тумор на мозокот во живо пренесувана на Фејсбук

Точка

31/10/2019

16:57

3.546

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 600.000 луѓе го прегледале 40-на минути долгиот дел од операцијата, во која лекарите ѝ го отстранувале туморот на мозокот на Џена Шард, кој е пренесуван во живо.

Снимката прикажува пациентка (25) која разговара со лекари од едната страна на завесата, додека други лекари со хируршки маски ѝ го оперираат мозокот од другата страна на завесата.

Џена Шард претрпела мозочен удар поради големата количина на крвни садови во левата темпорална регија, а како последица на тоа имала потешкотии со говорот, кажал претставник од клиниката за неврологија.

Таа останала будна за време на операцијата, за лекарите да бидат сигурни дека нема да ѝ се оштети некој дел од мозокот кој го контролира говорот, па морала да изговара разни зборови за време на зафатот, за хирурзите да направат мапа на нејзиниот мозок.

„За да утврдиле по кој пат ќе му пристапиме на туморот, мораше да утврдиме кој е сигурен пат“, рекол д-р Нишмел Пател.

На Шард ѝ поставувале дури и прашања за нејзиното куче, за да ја тестираат меморијата за време на зафатот кој вкупно траел четири ипол часа.

„Операцијата на мозокот во будна состојба на пациентот не е рутинска, иако ја правиме. Зависи од тоа каде е оштетувањето кое мораме да го оперираме и сакаме и дали пациентот во однос на тоа треба да биде заспан или буден.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг