Вака изгледа најскапиот ремен на светот – изнесува неверојатни 77.500 долари

Супермен

08/11/2019

10:53

858

Големина на фонт

а а а

Ременот е акцесоар кој има огромно значење во секојдневните модни комбинации, но на кој не сме навикнати да даваме премногу пари.

Иако постојат брендови кои ги преценуваат ремените, секогаш се трудиме да пронајдеме некој со задоволителна цена. Меѓутоа, дизајнерот Кристофер Шелис смета дека ременот е многу важен и дека без него модата не би можела да постои. Затоа тој одлучил да креира неверојатно луксузен ремен кој изнесува 77.500 долари. 


“Fleur-de-Lys” е името на овој скап акцесоар, а цената произлегува од 60-те скапоцени дијаманти со кои тој е украсен. Исто така, овој ремен е направен до чист платинум, па неговата тежина изнесува 300 грама.


Ременот е осмислен да биде формален акцесоар кој ќе се носи на специјални настани и во текот на посебни прилики, а истиот ќе направи да изгледа како холивудска ѕвезда. Тој исто така е замислен и да биде унисекс што значи дека можат да го носат и мажи и жени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk