На својата петгодишна ќерка ѝ нарачала торта со еднорог, а добила...

Точка

08/11/2019

16:28

5.986

Големина на фонт

а а а

Александра Шредер од американскиот град Мичиген долгро го планирала роденденот на нејзината ќерка која славела 5 години, но вели дека сè се претворило во катастрофа поради роденденксата торта која ја добила.

Александра од тамошна слаткарница нарачала торта во облик на еднорог и изнајмила простор за 13 деца. Сето тоа го платила околу 350 долари.

Од тоа што го побарала и за што платила речиси ништо не добила ниту тортата ниту пак потребниот број столови кои биле потребни за луѓето да седнат.

„Ми кажаа дека луѓето можат да стојат“ - изјавила разочараната Американка.

Тортата била далеку од нејзините очекувања.


„Рогот кој беше претставен на тортата беше многу застрамувачки. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога ги прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми кажаа дека не е готова“ - се пожалила Александра која сето тоа го објавила на социјалните мрежи.

„Сега зборуваат разни работи за мене и ме обвинуваат дека не сум платила сè, а им дадов 350 долари“ - вели Александра.

Таа тврди дека не ги побарала своите пари назад и тоа не сака да го направи, сака само сите да го знаат нејзиното непријатно искуство за тоа да не му се случи на некој друг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг