Картата на отомаски адмирал од 15-ти век ги шокирала сите: Антарктикот претставен детално иако уште не бил откриен, но не таков како што го знаеме денес

Точка

08/11/2019

16:48

5.815

Големина на фонт

а а а

Ако Антарктикот пред промената на половите бил значително посеверно од денес и ако не бил прекриен со мраз до пред 6.000 години пред новата ера, како што не учи историјата, кој тогаш живеел во тоа време за да го забележи тоа на карта, пред сите познати цивилизации?

Освен тоа, кој можел тоа да го направи пред изумот на морскиот хронометар во 18-тиот век, кој го решил проблемот со точното следење на географските должни на високите мориња? 

Ако конвенционалното знаење за историјата на човековата раса е точно, тогаш нашата цивилизација не е ниту доволно стара, ниту доволно напредна за да и се припишат бројни мистериозни монолитски и археолошки наоѓалишта ширум светот.

Токму картата на отоманскиот адмирал и картограф Пириј Реис од 1513-та е само дел од многу покомплексната историја за човековата историја, која храбро предизвикува раширено сфаќање на таа иста историја. Антарктикот прв пат официјално е забележан во 1820-та година, во текот на една руска експедиција.

Тогаш било забележано дека во целост е прекриен со мраз, за кој се смета дека се формирал пред околу 35 до 45 милиони години. Од таа причина Антарктикот не можел да се појави на карта пред 1820-та година, а сите карти на кои тој се наоѓа требало да имаат назначени ледени полови кои се стари неколку милиони години.

Неверојатно прецизна, картата на Пириј Реис секако предизвикува сомнежи во тоа што навистина го знаеме за древните цивилизации. Станува збор за карта на светот која опфаќала извештаи и мерења на воени разузнавачи, а која ја составил отоманскиот адмирал Реис.

Мапата и денес ги буни научниците. Најинтересна појава на таа "необјаснива мапа" е Антарктикот. Не само што на него нема мраз, туку е и поврза со јужна Америка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг